Декарбонизација HHO на мотор

ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА НА МОТОР СКОПЈЕ
Стил – ДЗ Интернационал
Најнова технологија за отстранување гарежи (карбон) од моторот и издувниот систем со ННО гас (водород и кислород) – брзо ефикасно поволно
1. Опис на работата:
Декарбонизација на моторот – ги чисти наслагите на јаглерод од внатрешноста на моторот. Ова е револуционарен метод кој за само 20 до 40 минути без да се отвара моторот ги отстранува наслагите на гарежи на вентилите, ѕидовите на цилиндрите, на челото на клипот, свеќици, дизни, карики, сензори, ЕГР вентил, катализатор и DPF филтер.
2. Што се наслаги на гарежи (Карбон) ?
Наслагите на гарежи се остатоци кои нстануваат при согорување на горивото во моторот и се создава слој кој ги опфакја сите компоненти на моторот. Гарежот му штети на моторот а лошото согорување на горивото допринесува на намалување на компресијата и снагата, зголемена потросувачка на гориво, зголемување на штетните издувни гасови, зголемени вибрации на моторот и нерамномерното работење на моторот.
3. Како водородот ги чисти наслагите на гарежи (Карбон) во моторот ?
Кога водородот ќе дојде во комората за согорување , преку усисна грана без притисок во моторите со внатрешно согорување без оглед дали се бензин или дизел мотори, темперетурата во моторот влијае на молекулите на водород (Н2) и ги раскинува на водородни протони (2Н+). Активниот Н2 се врзува за јаглеродот (Карбон – С) наслагите и оксидираниот талог во моторот. Честиците на гарежот (карбон) хемиски се претвараат во јеглеводород (НС) во гасовита состојба и како таков преку издувниот систем на моторот се исфрла надвор. После постапката на одстрануваwе на гарежи (карбон) од моторот, нема потреба од менување на масло од моторот или филтерот за масло бидејки во маслото се немаат задржано честиците на гарежи (карбон) и маслото не е дополнително загадено. Постапката трае само 20-40 минути во зависност ог кубикажата на возилото.
За разлика од другите ННО системи за ослободуваwе на гарежи (карбон) од моторот, HHO CARBON CLEANING – STILL / Germany – има специјален адитив – ННО MR Carbon Cleaner Agent – кој го засилува чистењето без да наштети на моторот и ја обложува внатрешноста на моторот со нано честици кои ги пополнуваат сите нерамнини и го спречуваат понатамошното формирање на гарежи (карбон) и со тоа го продолжуваат работниот век на моторот. Постапката се препорачува да се повторува во зависнос од возењето на секој 15.000 km исклучиво само градско возење – 20.000 km комбинирано возење – 25.000 до 30.000 km отворено возење.
4. ДОБИВКИ
1 ПЕРФОРМАНСИ (10%-30% подобрување) – Со одстранување на гарежите (Карбон) од моторот имаме правилно и потполно согорување на горивото со што значително се подобруваат перформансите на моторот! Подобро забрзувње, поголема крајна брзина, намалени вибрации на моторот!
2 ИЗДУВНИ ГАСОВИ – Со декарбонизација се отстрануваат гарежите од моторот и издувниот систем со што се намалува емисија на штетни гасови дури и до 95% и со тоа допринесуваме за почиста животна околина!
3 ПОТРОШУВАЧКА (10%-15% намалена) – Без наслагите на гарежи (карбон) во моторот, согорувањето на горивото е правилно и самото искористување на гориво е потполно и со тоа расте снагата на моторот  (т.е. со помалку труд моторот ја постигнува целта)  а потрошувачката се намалува !

КАТАЛОГ И ЦЕНИ НА МАШИНИ